Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

BELTANE / ОРГАНСКО БЕЗГЛУТЕНСКО ЛУТО ТАЈЛАНДСКО КАРИ - 20,4 ГР.

150 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4260133141070

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Зачини
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan , Gluten Free
  • Брендови - Beltane
  • Наменето за - Главен оброк , Пржење
  • Дополнителни информации - Без глутен , Без млеко , Луто

Јадењата со кари во сите варијации се гордост на тајландската кујна. Тајната зад нивните фантастични ароми лежи во зачинот кари, кој речиси секој готвач го подготвува според свој рецепт. Со својот Biofix, Beltane гарантира дека живината и зеленчукот од вашата тава имаат вкус како да се свежи од штандот за храна во Тајланд. Ѓумбирот, коријандерот, галангалот и малку чили ја ослободуваат својата фина арома кога се печат. Дополнето со кокосово млеко и избор на други извонредни билки и зачини, јадењето го добива својот типичен шмек. Здраво, брзо и вкусно - со 100% природни состојки!

Подготовка:

300гр пилешко или мисиркини гради
300гр мешан зеленчук - брокула, пиперки, пак чои, тиквички, кинеска зелка, печурки, млад кромид
200мл кокосово млеко

1. Пилешките или мисиркините гради исечете ги на коцки, зеленчукот исечете го на ленти. Подгответе 200мл кокосово млеко.

2. Додадете 2 лажици масло за јадење (масло од сусам) во нелеплива тава заедно со мешавина од зачини 1 (мала кесичка). Потоа загрејте ја ринглата. Штом зачините ќе ја испуштат својата арома, додадете ја живината и пржете. Додадете зеленчук и продолжете со пржење.

3. Додадете кокосово млеко, мешавина од зачини 2 (голема кеса) и гответе 6 минути со затворен капак. Мешајте повремено.

Совет: тајландски или басмати ориз оди добро со ова. Исто така и со тофу коцки наместо со живина.


Нутритивни вредности

Калориска вредност                                     1054 kJ / 250 kcal
Масти                                                                2,6гр
- од кои заситени масни киселини           0,4гр
Јаглехидрати                                                  44,8гр
- од кои шеќери                                             15,4гр
Влакна                                                              8,4гр
Протеин                                                           6,8гр
Сол                                                                    25,9гр


Состав:

Мешавина од зачини 1 за пржење: сол, лук*, ѓумбир*, коријандер*, чили*, галангал*, цимет*, куркума*, ловоров лист*.

Мешавина од зачини 2 за готвење: брашно од ориз*, сол, скроб од компир*, кромид*, соја сос* (соја *, малтодекстрин*, сол), моркови*, шеќер oд трска*, целер *, праз*, бибер*, босилек*, лимонова трева*, селен*, закиселувач: лимонска киселина, сончогледово масло*, масло од лимон*, средство за ослободување: силициумска киселина.
* = од контролирано органско земјоделство.

Може да содржи траги од сенф.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре